Со текот на годините се променуваат многу работи и затоа, доколку и сакаме да ги зачуваме здравје и фигурата во најдобра форма, потребно е редовно да ги практикуваме следните 3 лесни вежби.

Истите се сметаат дека се од витално значење за дамите над 40 години, кој покрај тоа што ќе помогнат за зајакнување на физичката активност, воедно имаат и подмладувачки ефект врз кожата и превентивно делуваат за проширени вени, остеопороза и други видови на сериозни заболувања.

Вежба бр. 1

Легнете на грбот, протегнувајќи го стомакот и притоа не заборавајте да го затегнете задникот. При вдишување, кренете ја раката нагоре, а потоа бавно спуштете ја назад, при издишувањето. Наизменично кревајте ги рацете.

Воедно, важно е да не ги спуштате рацете целосно до подот при реализирањето на вежбата.

Вежба бр. 2

Следната вежба се препорачува на оние кои страдаат од артритис, артроза и болки во зглобовите при рамената. Во истата положба како претходната вежба, легнати на подот, истовремено кренете ги и двете раце нагоре, а потоа спуштете ги, повторно без да го допирате подот. Повторувајте ја вежбата 1 минута.

Вежба бр. 3

Во истата првобитна положба, сега акцентот го ставаме на нозете. Најпрво кренете ја едната нога, која притоа треба да биде свиткана кај коленото и истата приближете ја кон вашиот горен дел. Откако ќе ја спуштите, повторете го истото со спротивната нога. Правете ја оваа едноставна вежба 2 минути.