Секој од нас ужива да се опушти во шолја кафе, особено во утринските часови, пред да започне работниот ден. Овој ароматичен напиток е многу корисен за нашето здравје, но доколку го приготвите на правилен начин, ефектот станува помоќен.

Во продолжение прочитајте кои 3 состојки може да ги додадете во вашето кафе, при што ќе го забрзате и зајакнете вашиот метаболизам трипати повеќе.

1. Кокосово масло

При консумирање, кокосовото масло создава чувство на ситост, која може да трае дури до 5 часа. Покрај тоа што, на овој начин ќе го спречите нездравото хранење, маслото ќе ви помогне и да ја подобрите и мозочната функција.

2. Мед

Медот не само што го обновува и забрзува метаболизамот, но воедно ги регенерира и ткивата, има антивоспалително и антибактериско својство и е одлична замена за нездравите слатки.

3. Цимет

Циметот е еден од оние зачини, кои значително многу го подобруваат метаболизамот и сите дигестивни процеси. Помага во намалувањето на шеќерот во крвта и во побрзо разградување на наталожените масни наслаги.

Како да го приготвивте вашето кафе

Потребни состојки

  • 0,25 мл кокосово масло
  • Половина супена лажица мед
  • 1 кафена лажица цимет
  • 1 кафена лажица какао (по желба)

Начин на подготовка

Измешајте ги сите состојки заедно и складирајте ги во стаклен сад, во ладилник.

Начин на употреба

Секое утро додадете по 1 кафена лажица од смесата во вашето свежо варено кафе и насладете се на ароматичното задоволство со бројните лековити придобивки!