Симптомите на дијабетес тип 2 се појавуваат бавно, понекогаш дури и сосема незабележливо до самото дијагностицирање, но во исто време постојат одредени симптоми по кои може да го откриете дијабетесот во рана фаза. За да го забележите ова, потребно е да обратите внимание на вашето тело во следните ситуации.

Експертите предупредуваат дека 3-те симптоми: интензивна жед, постојано чувство на замор и зголемена потреба за уринирање, особено во текот на ноќта, може да бидат првите скриени знаци на раниот дијабетес. Доколку забележите т.е искусите било кој од овие симптоми, непходно е да се консулитирате со вашиот лекар.

Втората група на често среќавани рани знаци на дијабетес вклучуваат загуба на телесната тежина без очигледна причина, заматен вид и чувство на чешање на гениталиите.

Луѓето кои се соочуваат со прекумерена телесна тежина треба да бидат особено внимателни, како и луѓето со висок крвен притисок. Постои висок ризик личноста да развие дијабетес доколку член од семејството ја имал болеста.