3-те предмети кои треба да ги отстраните од ходникот, за да среќата влезе во вашиот дом
Безброј пати сме зборувале за предметите и енергијата која тие ја носат. Според древните верувања и разните учења, понекогаш, неправилниот избор за декорација на нашиот дом може негативно да влијае врз нашиот живот, попречувајќи ја нашата среќа.
Денес ви откриваме кои 3 предмети не треба да ги поставувате во ходникот со цел да ја спречите негативната енергија и среќата да влезе во вашиот дом:
1. Непотребни фотографии
Многумина од нас избираат да го декорираат ходникот со семејни фотографии и купечки слики. Но, од голема важност е да внимавате што ќе поставите во овој дел од домот. Не сè е потребно. Не се препорачува во ходникот да поставите лични фотографии и портрети, како и семејни фотографии. Подобро е да прикачите купечки уметнички дела од пејсажи и животни. На овој начин ќе го спречите навлегувањето на негативната енергија во вашиот дом.
2. Патни торби и куфери
Се верува дека со оставањето на патните торби и куфери во ходникот може да предизвикате негатативни настани во вашиот живот, како на пример раздор и расправии во семејството, што може да доведе и да ве натера да размислувате за преселување. Затоа најдобро е куферите и торбите да ги складирате на друго соодветно место.
3. Мали сувенири и фигури
Ако не го исчистите ходникот од малите непотребни фигури и сувенири, тогаш негативната енергија како прав, ќе продолжи да постои и да се развива во ходникот и притоа да се шири низ целиот дом. Затоа е најдобро во ходникот да имате што помалку работи поставено.
https://www.nane.mk/3-te-predmeti-koi-treba-da-gi-otstranite-od-hodnikot-za-da-srekata-vleze-vo-vasiot-dom/https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2020/12/befunky-collage-2020-12-15t111405.524.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2020/12/befunky-collage-2020-12-15t111405.524-400x214.jpgДом и градинаСоветиБезброј пати сме зборувале за предметите и енергијата која тие ја носат. Според древните верувања и разните учења, понекогаш, неправилниот избор за декорација на нашиот дом може негативно да влијае врз нашиот живот, попречувајќи ја нашата среќа. Денес ви откриваме кои 3 предмети не треба да ги поставувате во ходникот...Нане.мкНане.мк eleonora@nane.mkAuthorНане.мк
Напишете коментар