Дали некогаш сте се обиделе да употребите маска за коса со јајца? Дури и да не сте го направиле тоа,  докажано е дека маските за коса кои содржат  јајца влијаат позитивно врз секој тип на коса. Тие го прават влакното поздраво и поцврсто.

Маска за коса со јајца

Идеално е да се користи 2 пати неделно, се до моментот додека вашата коса не постане здрава, сјајна и силна. Ви предлагаме две различни процедури. Едната е погодна да се прави за жени со сува коса, а другата за жени со мрсна коса.

За сува коса:

  • 2 лажици маслиново масло или рициново масло,една жолчка од јајце за кратка коса и две жолчки за долга коса
  • 2 капки јаболков оцет

Рицинусовото  или маслиновото масло се мешаат со жолчките и се нанесува маската на  однапред измиена коса, бидејќи таа треба да е чиста при нанесување на маската. По 20 минути се измива со вода.

Совет: доколку од маслиновото масло косата ви се чини малку мрсна, пробајте да ја измиете со мала количина шампон.

За мрсна коса:

  • една белка (две за долга коса)
  • свеж сок од половина лимон
  •  2 лажици јогурт

Состојките се мешаат во соодветен сад и потоа се нанесуваат врз косата со нежни масажни движења. По 20 минути, косата се измива со вода.