Лисните вошки се можеби едни од најздодевните и најомразени штетници во градината. Тие може брзо да му наштетат на растението и понекогаш изгледа едноставно невозможно да се стави овој проблем под контрола.

Но, денес ви претставуваме како можете брзо и лесно да ставите крај на овој чест проблем, благодарение на следните 3 испробани домашни начини!

1. Со вотка

Лисните вошки лесно може да бидат отстранети со помош на вотка. Едноставно исипете го овој алкохол во шише-спреј и напрскајте го засегнатото растение. Покрај вотка, на ист начин може да употребите и Кока-Кола за овој проблем.

2. Со пепел

Вошките исто така може да бидат избркани со пепел. Растворете 200-300 гр пепеле во 5 литри врела вода, добро измешајте ги состојките и оставете го растворот да се излади. Потоа прецедете го и додадете 20 гр добро изгмечен сапун и напрскајте ги засегнатите делови од растението.

3. Со кора од портокал

Ослободете се од здодевните лисни вошки и со ароматичната кора од портокал. Полејте 1 килограм кори со 10 литри топла вода и оставете ја смесата да отстои 3 дена, а потоа прецедете и напрскајте го растението.