Само бришањето на правот и подот нема да помогне домот да мириса пријатно, па затоа потребно е почесто да користиме средства и освежувачи наменети за оваа цел. Но, денес ви откриваме како да заштедите и на сосема природен начин да ги елиминирате непријатните мириси!

1. Употребете кора од портокал за кујната да мириса прекрасно

Покрај тоа што целата просторија ќе мириса неверојатно прекрасно, познато е дека уникатната арома на портокаловите кори ефикасно го намалува стресот и делува како совршен освежувач на воздухот, особено за кујната. Исушете малку портокалови кори во текот на ноќта, а потоа запалете ги со стапче ќибрит над шпоретот или печката. Ова ќе овозможи мирисот да има долотраен ефект.

2. Ослободете се од непријатните мирис во ладилникот со сода бикарбона

Во ладилникот може да се акумулираат разни мирис од различната храна што се складира, а најдобриот начин како да ја елиминирате непријатната арома е со сода бикарбона која ефикасно ја апсорбира и неутрализира истата. Едноставно поставете отворена кутија сода бикарбона во ладлникот и менувајте ја еднаш годишно.

3. Освежете ја тоалетната школка и целата бања со природна „бомба“

Оваа природна „бомба“ може да ја поставите во тоалетната школка, а истата ефикасно ќе ги убие бактериите и ќе ја освежи целата бања. Во голем сад измешајте 4 супени лажици лимонска киселина, половија шолја сода бикарбона, половина шолја сол, 1 супена лажица сомелен сапун, 1 супена лажица натриум поликарбонат и 15 капки етерично масло. Со хамамелис напрскајте ја смесата за да стане доволно тврда, да се оформат топчиња. Оформете ги и оставете ги 6 часа за да се исушат, а потоа употребете ги.