Речиси и да не постои човек кој обожава да се занимава со тврдокорните залепени остатоци од храна по тавата, по готвењето, чие отстранување е понекогаш вистинска невозможна мисија.

Затоа денес ви откриваме 3 докажани супер трикови благодарение на кои храната никогаш повеќе нема да се лепи на дното на садот при готвењето:

1. Додадете малку сол

Ако тавата е направена од алуминиум, храната загорува полесно, бидејќи е порозен материјал. За да го спречите ова, неопходно е да нанесете тенок слој масло за готвење и притоа нанесете сол врз целата површина. Внимавајте да не претерувате со солта, бидејќи тоа може да го влоши вкусот на храната. Ако мислите дека сте нанеле премногу сол, пред да започнете со готвењето, со салфетка отстранете го вишокот.

2. Употребете јаболков оцет

Алуминиумот и другите порозни материјали треба на еден начин да бидат „запечатени“, пред да започнете со готвењето, за да храната не се лепи. Добар начин да го спречите тоа дното на садот да го покриете со масло за готвење и пред загревање, да се додаде малку оцет. Тој ќе испари целосно на слаб оган, пред да започне процесот на готвење.

3. Користете природно масло

Природното масло содржи важни хранливи состојки за организамот, а воедно неговите маслени соединенија го олеснуваат готвењето, без притоа да се изгубат во текот на овој процес. Премачкајте го дното на садот со една кафена лажица масло и за да го спречите готвењето, исто нанесете малку сол.