Светот е прекрасен поради неговата разноликост, но Азија како да дошла од друга планета. Оригинална, уникатна, чудна и шокантна, еве кои 20 работи дефинитивно ќе ве изненадат ако првпат ја посетувате!

1. За антисоцијалните луѓе, заштитниот елек креиран во Сингапур е совршеното решение

2. Во Јапонија и Кина имаат Кока Кола Клиар т.е бистра Кока Кола

3. Замислете да одите на работа во една од овие канцеларии. Ова е зградата во облик на лотос во Вуџин, Кина

4. Нагоро е село на духови во Јапонија, каде куклите ги изработува единствениот жител кој живее таму, Ајано Цукими

5. Во Индија, многу животни ги сметаа за свети, а еден од нив е и глушецот. Ова е храмот Карни Мата посветен на ова животно

6. Почитта што ја имаат Јапонците кон природата е толку голема што изградиле железница околу старо дрво, наместо да го исечат истото

7. Дуриан е најневообичаеното овошје кое ќе го сретнете во Азија. Велат дека мириса како валкани чорапи, а ни вкусот не е нешто подобар

8. Практичен начин на отварање кокоси во Азија

9. Во продавницата на ИКЕА во Пекинг, Кина, можете да купите мебел и исто така да одморите малку

10. Во Кина, постои ресторан кој храната ја сервира во мали тоалетни шолји

11. Овие т.н Супер-дрвја се структури во форма на дрво кои им овозможуваат површини за садење и сенка, а функционираат и како еколошки механизми, Сингапур

12. Силниот вкус на Нато (ферментирани зрна од соја) придружени со леплива текстура, го прави едно од најневкусните јадења во Јапонија

13. Во Индонезија и на Филипините можете да сретнете мали штандови раководени од жени, кои продаваат бензин во шишиња од Кока Кола

14. Постојат клупи кои автоматски сами се загреваат, а се од голема корист во зимно време, во Јужна Кореја

15. Во Јужна Кореја се негува т.н тоалетна филозофија. За таа цел, создаден е музејот „Г-дин Тоалет“, кој покажува колку тој е важен за луѓето

16. Во кинескиот град Гуијанг, дизајниран е уникатен водопад кој се слева од нивните облакодери, во висина од 108 метри

17. Често ќе видите велосипеди или скутери пренатрупани со луѓе или артикли

18. При железницата Маеклонг, во Бангкок, Тајланд, возовите минуваат точно низ локалниот пазар

19. Гандуро, што во буквален превод значи „црно лице“ е моден тренд во Јапонија при кој девојките темниот тен го носат на сосема ново ниво

20. Во трговските центри во Кина, за време на шопинг, мажите можат да ги остават своите сопруги да пазаруваат и да отидат во специјални кабини, во кои можат да играат видео игри