Доколку не сакате да трошите пари на скапи третмани и педикир, со овие две состојки Вашите пети ќе бидат спремни за оваа лето. Со оваа едноставна маска ќе ги омекнете тврдите стапала и многу лесно ќе ги отстраните грдите, дебели наслаги.

Состојки:

– 3 чаши млеко
– 3 лажици сода бикарбона

Загрејте го млекото. Потоа во млекото додадете ја содата бикарбона и добро промешајте. Земете леген и мешавината пресипете ја во него. Ставете ги нозете внатре околу 10 минути. Истријте ги нозете со камен и ќе забележите како лесно наслагите исчезнуваат. Потоа, исплакнете ги нозете со топла вода и исушете ги со чиста крпа.