Понекогаш навистина изгледа дека да се биде модерна и совршена жена го можат само професионалци, бидејќи токму понекогаш  дури и обичните работи како косата или чевлите може да го направат денот вистински пекол.

За среќа, некои жени ширум светот се досетиле на генијални животни трикови кои се вистински спас и решение за уништетниот ден, а сега ги споделуваат и ги поттикнуваат и останатите да не се обесхрабруваат кога денот не е таков како што го замислиле, бидејќи решенијата се тука!

1. Кога сечете кромид, ставате си очила за скијање и така ќе ги спречите солзите

2. Наместо со фен, алиштата побрзо ќе ги исуште со вентилатор

3. Кога фенот е расипан, користете го креативниот начин како побрзо да ги исуште градниците и да ги облечете, доколку итно ви требаат

4. Црните ситни шноли на овој начин, веќе никогаш нема да ги изгубите

5. Како да ги заштитите прстите на стапалата доколку носите отворени чевли, но во моментот ракувате со хемикалии

6. Уште една креативна идеја како може тоа да го направите, доколку носите апостолки

7. Зачувајте ја кутијата од вашите сенки, истата може да стане вашиот нов омилен паричник

8. Фустани со две „лица“- евтин и практичен начин како да имате повеќе шарени фустани

9. А не само што ќе заштедите на буџетот, туку и на времето во пресоблекување, доколку од работа сте тргнале директно на забава

10. Не ги фрлајте влошките од патиките. Тие можат да ги трансформираат вашите останати чевли во вистинска удобност, вклучувајќи ги и чевлите со висока потпетица

11. Доколку вашите кармини и лабела се топат додека се во автомобил, практикувајте да не ги ставате близу до затоплените места и важно е да ги поставите во исправена положба

12. Даската за пеглање може лесно да се претвори во маса за вашето козметичко катче. Ова е особено идеално решение за малите соби и станови

13. Кога машината за алишта ќе ги оштети вашите градници, со игла и конец, како кај блузите, вратете ги во форма

14. Доколку немате пегла, а итно ви треба, пуштете врела вода во бањата и поставете ја стутканата облека близу до пареата (но, не и до водата)

15. Волнените дебели чорапи се супер решение за разгазување на новите чевли

16. Балерините со векови го користеле овој трик за нивната облека. Време е светот да дознае за истиот!

17. Прерамката од градникот е вашата нова најдобра пријателка, за која не сте знаеле дека ви е потребна