За средношколците, матурската вечер претставува спомен на кој долго ќе се сеќаваат. Така, 17-годишниот Коди Леонард,од Ајдахо, немал со кого да отиде, а бидејќи не сакал да ја пропушти забавата, ја замолил неговата баба да му биде придружба, а ова бил нејзиниот одговор.

Коди Леонард е ученик во средното училиште Минико во Руперт, Ајдахо, а до матурската вечер има уште точно една недела. Но, Коди дури сега успеал да си најде партнерка за забавата и тоа ни помалку, ни повеќе, за таа цел ја замолил неговата баба, Синди Греј, која конечно одговорила на неговата понуда.

Во видеото кое претходно го постирал Коди на неговиот Фејсбук профил, се гледа како 17-годишникот се подготвил на креативен начин да ја праша баба си да му биде придружба на матурската вечер, така што и подарил сложувалка, на која пишувало “Дали би сакала да отидеш со мене на матурската вечер?”

Една недела откако го поставил прашањето, што ја довело неговата баба до солзи, 64-годишната Синди исто така смислила подеднаков креативен начин како да му одговори на својот внук.

“Начинот на кој таа одговори користејќи го големиот дрвен стол и притоа на кој беше напишано: “Коди е под казна бидејќи ја расплака баба си! беше неверојатен.””- изјавил младиот Коди.

Односно, Синди му дала позитивен одговор на својот внук и сега заедно ќе отидат на матурската прослава.

Приказната наиде на многу позитивни реакции, пропратени со бројни коментари кои велеа дека ова ќе им биде незаборавен спомен и на двајцата.

Коди за својата баба вели дека ја сака премногу и бидејќи многу направила за него, сакал на еден начин да и се оддолжи за сета поддршка и љубов.

Истовремено споделил дека кога им соопштил на своите пријатели за неговата идеја и тие возбудено реагирале, па дури и му дале совети како креативно да ја изненади.