Секоја година околу 100 новороденчиња во САД се разболуваат со ботулизам на новороденчиња, болест предизвикана од бактерија која се наоѓа во медот. Истата сериозно да влијае на имунитетниот систем на децата кои сè уште не се доволно силни.

Постојат уште повеќе храна што ја консумираме секојдневно за која се смета дека е навидум безопасна за децата, но истражувањата покажаа дека тие можат да бидат потенцијално опасни за нив.

Во продолжение следуваат 15 видови на токму таква храна која навидум е безопасна, но штетно влијае врз децата и воедно што можете да им дадете како замена за истата:

1. Купечки овошни сокови, газирани и енергетски пијалоци

Според упатствата на Американската академија за педијатрија, децата на возраст под 1 година не треба да пијат сок, додека иако на постарите им е дозволено да го пијат, неговата консумацијата треба да биде органичена. Газираните и енергетски пијалоци се едно големо „Не“, затоа што на бруминираното растително масло што го содржат, може да доведе до труење со бром и да влијае на нервниот систем, кожата и меморијата кај децата. Покрај тоа, двата пијалоци содржат голема количина калории и шеќер што можат да предизвикаат кариес и не даваат витамини или минерали.

Алтернативно, подгответе им на вашите деца домашен хранлив пијалок со овошје со млеко или јогурт.

2. Детски јогурти

И покрај тоа што регуларниот јогурт е одличен и здрав додаток во исхраната на децата, детскиот јогурт е сосема спротивното. Вештачките бои и шеќерот содржани во тие јогурти се навистина нездрави за децата и воопшто не се корисни. Тие можат да предизвикаат алергиски реакции кај децата или евентуално да предизвикаат хиперактивност и други видови на несакано однесување.

Наместо тоа, можете да купите вообичаен јогурт и да го засладувате со употреба на мед, ако вашето дете е постаро од 1 година. Можете исто така да користите суво грозје или замрзнато овошје.

3. Пуканки во микробранова

Пуканките подготвени во микробранова се уште еден познат и брз вкусен избор за грицки за деца. Сепак, малкумина можат да бидат свесни дека ќесите со пуканки што се користат во микробранова можат при готвењето да ослободат опасни хемикалии. Тие содржат перфлуорирани хемикалии, кои исто така се содржат во хартијата за завиткување брза храна, и кога се загреваат на високо ниво, тие испуштаат соединенија што можат да бидат потенцијално штетни за развојот на децата, па дури и да се поврзани со карцином.

Едноставно направете домашни пуканки со нивно готвење во тава, на маслиново масло.

4. Мед

Ова можеби звучи изненадувачки, но медот, кој е многу хранлива храна, може да биде исклучително опасен за мали деца помлади од 1 година – без оглед дали е непреработен или преработен. Токсични бактерии содржани во медот може да предизвикаат болест наречена ботулизам на новороденчињата што влијае за недоволно развиен имунолошки систем кај децата и може да доведе до мускулна слабост и проблеми со дишењето. Само во САД 100 случаи на ботулизам на новороденчиња се случуваат секоја година.

После 1 година, децата можат да јадат мед, кој тогаш е навистина многу добар за нив. Пред таа возраст, исушеното овошје е добра опција како извор на витамини и природна сладост.

5. Конзервирани домати или било каква конзервирана храна

Бисфенол-А (БПА) е токсичен елемент кој се наоѓа во многу материјали за пакување како пластика, но во повисоки количини може да се најде во лименките и конзервите, од кој голем дел се испушта и во самата храна која е конзервирана. Овој опасен елемент може да влијае на развојот на детето, неговиот репродуктивен систем и мозок, а исто така е поврзан со појавата на карцином.

Значи, кога ќе одлучите да направите тестенини со сос од домати, купете домати кои се складирани во стаклена тегла или уште подобро, користете свежи сецкани домати

6. Оризови житарки

Ова може да биде изненадувачки, бидејќи повеќето деца обично јадат ориз и производи базирани на ориз. Според ФДА, новороденчињата може да бидат изложени на високи нивоа на неоргански арсен (отровна супстана) преку производи базирани на ориз, како што се житарките. Овој вид на производи може да имаат негативен ефект врз нивната способност за учење и нивниот целосен развој.

Може да пробате да направите домашни овошни десерти, кои се полни со витамини, направени од овес или киноа.

7. Нискомастена храна со и пијалоци што го содржат засладувачот аспартам

Многу родители претпочитаат вештачки засладувачи за своите деца, како начин да го избегнат шеќер. Сепак, изборот на „лесни“ производи кои содржат супстанца наречена аспартам наместо шеќер, се далеку поопасни. Истражувањата покажуваат дека овие соединенија во храната може да го ограничат производствто на многу важен ензим во нашето тело, кој инаку го спречува дијабетесот и дебелината.

Заменете ги вештачките засладувачи со природно засладена храна како свежо овошје или направете вкусен домашен свеж овошен сок или пак, зеленчук измешан со јогурт.

8. Хот дог и обработено месо

Популарните хот дог сендвичи или впрочем, било какво преработено месо, исто така, треба да се избегнуваат. Истражувањето спроведено од страна на Американското здружение за рак покажа дека консумирањето 50 грама преработено месо на ден го зголемува ризикот од колоректален карцином за 18%. „Ние треба да го ограничиме внесот на црвеното и преработеното месо за да придонесеме за намалување на ризикот од карцином на дебелото црево, а можеби и ризикот од други видови на рак“- велат експертите.

Одлична алтернатива за ова се производите базирани на риба. Дури и во форма на брза храна, рибата е многу поздрав избор од месото. Хамбургер со риба е секогаш подобра опција.

9. Гума за џвакање

Гумите за џвакање се исто така едно големо не за децата.. Како прво, затоа што повеќето гуми за џвакање содржат големи количини шеќер и тоа може да им наштети на забите, предизвикувајќи кариес. Видовите без шеќер може да содржат сорбитол, што пак, може да предизвика дијареја. Но, она што е навистина опасно е случајно голтање на гумите за џвакање. Тогаш се јавува опасност од задушување, а истовремено доколку детето постојано голта парчиња од гумите за џвакање, тоа ќе предизвика до блокирање на дигестивниот систем.

Како алтернатива, понудете им на вашите деца да консумираат зеленчук за џвакање како мала ужина. Пример моркови, краставици и други здрави алтернативи.

10. Гумени бонбони

Децата можеби ги обожаваат, но ова е како буквално да џвакаат непреработен шеќер. Нема ништо здраво во гумените бонбони,  а бројните истражувања покажаа дека високите количини шеќер, како шеќерот содржан токму во гумените бонбони, можат да предизвикаат хиперактивност, агресивно и невнимателно однесување кај децата.

Алтернативата тука е навистина лесна, само поттикнете ги вашите деца да консумираат вистински овошја наместо тоа или да им понудите незасладено сушено овошје.

11. Чипс

Чипсот од компир се со сигурност најомиленото солено задоволство за секое дете, но чипсот е далеку од здрава закуска. Тој е богат со маснотии, калории и сол, односно сите работи што децата треба да ги избегнуваат да ги консумираат затоа што се штетни за нив. Премногу сол може да предизвика неколку проблеми со хипертензија или висок крвен притисок до камења во бубрезите. Исто така, солената храна може да доведе до дебелина, бидејќи тие се исто толку опасни како шеќерните производи.

Доколку вашето дете обожава чипс, лесно можете да направите свој домашен со печење компир во рерна.

12. Пица

Порачаните пици од надвор или оние замрзнатите  што продаваат супермаркети не се добар избор за деца од очигледни причини. Сите тие додатоци на нив, со непознато потекло, со сите дополнителни маснотии и сол во сирењето воопшто не се здрави. Според едно медицинско истражување, зависноста од брза храна станува светски здравствен проблем, особено кај децата. Лекарите се обидуваат да ја подигнат свеста дека детската дебелина и дијабетес има многу врска со редовните лоши избори на храна.

Она што можете да им го понудите на вашите деца, алтернативно, е домашна пица со здрави состојки по ваш избор како домати, печурки, кромид или маслинки. Обидете се да ги вклучите вашите деца во процесот на правење пица што ќе ги охрабри да готват и јадат дома за да стекант поздрави навики.

13. Непреработено млеко

Дури и покрај тоа што е кажано и напишано дека непреработеното млеко е многу хранливо и поздраво од редовното пастеризирано млеко, секое непастеризирано млеко може да биде исклучително опасно, па дури и смртоносно и за деца и за возрасни. Во многу случаи, непреработеното млеко содржи штетни бактерии, вируси и паразити како Campylobacter, Cryptosporidium, E. coli и Salmonella.

Хранењето на децата со пастеризирано млеко што се продава во кој било супермаркет е најбезбедниот избор.

14. Некои видови на сирење

Сирењето не само што е вкусно, туку е и богато со калциум, витамини и протеини. Сепак, на децата не треба да им се даваат за консумирање сите видови на сирење. Доенчињата и малите деца треба да избегнуваат сино сирење и други меки сирења созреани со мувла. Видовите направени од непастеризирано млеко, се ризични за деца затоа што може да содржат бактерија наречена листерија која предизвикува еден вид труење со храна.

Спротивно од тоа, полесните сирења како урда и крем сирења и тврдите што се полни со масти се здрави опции и може да им се дадат на деца на возраст од 6 месеци.

15. Купечки сладолед

Главните состојки вообичаениот купечки сладолед од маркет, се кремот и шеќерот, а повеќето од нив содржат супстанции наречени емулгатори за кои се докажа дека ја прекинуваат работата на добрите бактерии во стомакот и доведуваат до дебелина. Исто така, сладоледот што се стопи и повторно замрзнува е исклучително небезбеден затоа што бактериите како листеријата можат да растат во него и да станат опасни за нашето здравје.

Наместо тоа, можете да пробате да направите домашен сладолед или шербет од свежо замрзнато овошје кое е многу поздраво и содржи витамини. На овој начин дефинитивно знаете од каде доаѓаат сите состојки.