Кога некој бренд ќе ги освои срцата на верните љубители на модата, тоа несомнено веднаш се претвора во лавина од купувачи кои веднаш сакаат да ги имаат парчињата во својот плакар. Во продолжение прочитајте кој бренд денес е на врвот со неговата долга листа од неверојатни 15.000 луѓе кои нестрпливо чекаат да ги имаат чантите во свои раце.

Станува збор за чантите на Хилак! Хилак е полски бренд основан од Зофија Хилак, а нејзиниот концепт е да дизајнира елегантни и квалитетни чанти, кои притоа ќе изгледаат многу скапо, но всушност не чинат толку многу. Бидејќи и самата таа некогаш била девојка која не можела да се дозволи многу, а многу сакала да има такви парчиња во својот плакар, решила работата да ја превземе во свои раце.

Ако порано луѓето чекаа многу за Биркин чанта, сега модерните инфлуенсери застануваат во ред за една Хилак чанта.

Истите изгледаат многу луксузно како да чинат повеќе од илјадници долари, а всушност цените им се движат од 200 до 400 долари.