Хигиената е половина здравје, а во продолжение прочитајте кои лични предмети што можеби ги споделувате во рамките на семејството, а не смеете!

1. Ноктарица

Можеби за вашето око не е видливо, но на ноктарицата при сечењето, на ноктите останува голема количина на бактерии, вируси, габични микроорганизми, па доколку ја користи ноктарицата и некој друг освен вас, се зголемува ризикот од габични болести и папиломен вирус (HPV).

2. Обетки

Во ушите има многу крвни садови. Затоа е премногу лесно да се инфицирате со болести што се шират преку крвта, од само едно позјамување од обетките од вашата најдобра пријателка.

3. Лабело за усни

Под усната површина, исто така има многу крвни садови. Тие се спремни да пренесат се што ќе нанесете на усните во крвотокот. А со делење на балсамот за усни може да се пренесе и херпес.

4. Чупалица

Ако некој позајми туѓа чупалица за само на кратко, нема да има никаков проблем. Но не и ако истата се користи за отстранување на поткожни влакна, бидејќи тоа може да предизвика сериозни проблеми во иднина, како хепатит Ц и HPV.

5. Ролон деодорант

Ролоните можат да бидат носители на сериозни инфекции, особено ако бактеријата  се влезе во мали рани како последици на бричење.

6. Тврд сапун

Микроорганизми го зафаќаат целиот сапун после само едно миење, но не само оние безопасните, туку и оние поопасните вируси. А најлош вид е веќе наводнетиот сапун кој лежи во мало количество на вода, бидејќи така повеќе создава бактерии и габи. Најдобро е да се користи течен сапун.

7. Четки за коса

Никогаш не ја позајмувајте вашата четка за коса на никој. Тоа ќе ги зголеми шансите за заразување со паразити како вошки, шуга и разни инфекции.

8. Крпи

Крпите се погодно тло за размножување на бактерии, особено ако крпата подолго време виси закачена во бања, на влага.

9. Сунѓери за капење

Овие предмети немаат доволно време да се исушат, па затоа се фабрика за за истите бактерии како оние на крпите. Темелно сушете ги сунѓерите и не ги делете со никој.

10. Четки за шминкање

Избегнувајте делење на вашите шминки и четки, бидејќи доаѓаат во контакт со очите кои се многу сензитивни.

11. Слушалки

Туѓите слушалки позајмени од некого, доколку ги користите може да предизвикате развивање на бактерии во ушите.