Уште од древни времиња, на огледалата им се препишуваат необјасниви и чудесни особини, а е поврзано со многу легенди, но и современи верувања.

Во крајна сметка, таа исполирана блескава површина денес е застапена во сечиј дом, при што ја имаме можност да се гледаме секој ден, од било кој агол и можноста да видиме како изгледаме во очите на останатите.

Огледалото како чудесен елемент се смета дека ќе ви помогне да да привлечете љубов и среќа, така што потребно е да изговорите одредени зборови пред истото.

Се подразбира, најважното правило е во моментот на нивното изговарање пред огледалото, да заборавите на момент за вашите секојдневни грижи, да се опуштите и без разлика на кое поле сакате да се остварите, секогаш кога ќе застанете пред огледалото, кажувајте ги магичните зборови.

10-те зборови кои ќе ви донесат љубов и среќа:

  • Здравје
  • Убавина
  • Среќа
  • Љубов
  • Радост
  • Ум
  • Богатство
  • Бодрост
  • Сила
  • Успеси

Зборовите треба да ги изговорите пред огледалото, додека гледате во самите себе. Истите може да бидат изговорени поединечно или пак во фрази, како на пример „Се чувствувам здраво“, „Јас сум убава и силна“, „Сакам да бидам сакана и да сакам“, притоа спoред експертите, ваквите убави и позитивни мисли секогаш треба да ви бидат на ум и длабоко да верувате во кажаното, за да наскоро се исполни.