Заедничкиот живот со вашиот партнер може да биде пријатно но истовремено и предизвикувачко искуство. Многу заљубени парови завршуваат со разделба или несреќен живот, што докажува дека е потребно повеќе од длабока наклонетост во врската за да останете заедно.

Со вас споделуваме неколку совети за тоа како успешните врски остануваат такви со текот на времето.

1. Имате барем во едно хоби во кое уживате заедно.

Иако е одлично секој од вас да има лично хоби, исто така е од суштинско значење да најдете нешто во кое ќе уживате како пар. Тоа може да биде сè, од вежбање одреден спорт до гледање филмови заедно.

2. Си го почитувате личниот простор.

Среќните парови делат неверојатна интимност, но знаат и како да не ги преминат границите. Чувството на гушење во врска е негативно за двајцата.

3. Наоѓате време за заеднички одмори или патувања.

Не мора да биде нешто претерано скапо. Тоа може да биде обичен викенд викенд во село, цел ден на плажа или на планина. Идејата овде е да се опуштите и да поминете време заедно, далеку од секојдневните грижи и можните конфликти.

4. Не си легнувате лути еден на друг.

Ако има проблем, решете го веднаш. Не очекувајте работите сами да се решат. Овој тип на став води само до незадоволство. Зрелите парови разговараат за нивните проблеми.

5. Кажеувате „те сакам“ барем еднаш дневно.

Ова може да звучи очигледно, но од фундаментално значење е редовно да кажувате колку ви значи вашиот партнер.

6. Имате независен живот еден од друг.

Споделувањето на хобија и интереси е исто толку важно како и автономниот живот. Признавањето на вашиот партнер како целосно независна личност со свои идеи и копнежи, а не само како продолжение на вас, е една од најкритичните работи во здрава врска.

7. Јадете заедно.

Ако е невозможно да се дели секој оброк поради разликите во рутините, обидете се да јадете барем еден оброк на ден заедно и уживајте во меѓусебното друштво.

8. Си ги поддржувате соништа.

Поддршката на соништата на вашиот партнер ќе направи тој да се чувствува сакано и згрижено. Среќните парови ги слушаат меѓусебните аспирации и се бодрат.

9. Имате доверба и ја отфрлете љубомората.

Врската без доверба сигурно ќе се распадне на крајот. Ако сте премногу љубоморни и посесивни, треба да работите на тие прашања пред да ја влошите врската меѓу вас и вашата сакана.

10. Растете заедно како луѓе.

Нема ништо пофрустрирачко од тоа да видите колку сте пораснале како поединец во текот на годината и да сфатите дека вашиот партнер останал ист како кога сте почнале да излегувате. Личниот раст е природен и очекуван дел од нечиј пат низ животот.