1. Чоколадата е одлична за вашиот мозок

Спроведено е истражување во Медицинското училиште на Харвард, чиишто резултати се објавени под насловот „Невроваскуларното спарување, интегритетот на церебралната бела материја и реакцијата на какао кај постарите луѓе“. Истражувачите избрале 60 учесници со просечна возраст од 73 години кои не страдале од деменција. Во текот на 30 дена, субјектите дневно пиеле по две чаши топло какао без да внесуваат некаков друг вид на чоколада.

Од тие шеесет учесници, кај осумнаесет бил забележан намален доток на крв во мозокот и определено ниво на мозочно оштетување. По конзумирањето на какаото, кај тие осумнаесетмина било забележано значајно подобрување во поглед на дотокот на крв, како и во поглед на подобрување на помнењето.

2. Чоколадата ве одржува млади

Некои видови на какао и црно чоколадо имаат посилни антиоксиданси од овошја како боровинките. Антиоксидансите се важни во борбата со клеточното оштетување предизвикано од слободните радикали. Се вели дека редовното внесување на антиоксиданси може да го спречи развојот на болести како ревматичен артритис и дијабетес.

3. Чоколадата е одлична за срцето

Во неколку медицински институции во Бостон биле изведено масовно епидемиолошко истражување во кое биле вклучени 4970 учесници на возраст од 25-93 години. Во текот наистражувањето се редовното конзумирање на чоколада го намалува ризикот од коронарни срцеви заболувања.

4. Чоколадата го подобрува вашето расположение

Според д-р Дајана Волкат, дел од полезноста на црната чоколада доаа од ресвератролот, антиоксиданс кој го има во црвеното вино. Тој го зголемува нивото на ендорфин и серотонин во мозокот. Покрај тоа, црната чоколада го поттикнува и лачењето на серотонин во стомакот, на тој начин подобрувајќи го имунитетскиот систем.

5. Чоколадата има антивоспалителни својства

Истражување наречено „Редовното конзумирање на црна чоколада се поврзува со ниските серумни концентрации на С реактивниот протеин во здравата италијанска популација“ било објавено од страна на журналот Исхрана во 2008 година. Серумниот С реактивен протеин е воспалителен маркер кој го произведува црниот дроб кога се наоѓа во состојба на стрес. Тој е поврзан со автоимунитетските заболувања и инфекции, со високиот крвен притисок, дијабетесот, срцевите заболувања и ракот. Во текот на истражувањето биле испитани илјада италијанци без хронични заболувања, помеѓу кои биле вброени луѓе кои воопшто не јаделе чоколада, такви кои јадат млечна чоколада и такви кои јадат само црна чоколада. Тие кои јаделе само црна чоколада имале најниско ниво на С реактивен протеин.

6. Чоколадата го намалува холестеролот

Истражувачите откриле дека зголеменото конзумирање на какао го намалува нивото на т.н. лош холестерол, без да има значителни ефекти врз т.н. добар холестерол.

7. Чоколадата го намалува крвниот притиск

Како што забележале научниците од Мелбурн, Австралија „умерената употреба на какао производи богати со флаванол, како што е црната чоколада, може значајно да придонесе за намалување и оптимизирање на крвниот притисок.“

8. Чоколадата го намалува стресот

Една табла црна чоколада дневно за само две недели може да го намали нивото на кортизол, стресниот хормон, кај луѓето со високо ниво на стрес.

9. Чоколадата ја штити вашата кожа

Германски научници неодамна спровеле истражување кое докажало дека црната чоколада е одлична за кожата. Дваесет и четири жени на возраст од 18 до 65 години конзмирале половина чаша какао дневно во текот на 12 недели. Половината пиеле какао со 329 антиоксиданси по порција, а другата половина со само 27 милиграми оксиданси. Мерењата покажале дека кај жените кои пиеле какао со повисоко ниво на антиоксиданси се покажало

– намалување на црвенилото предизвикано од ултравиолетово зрачење за 25 отсто
– намалување на перутењето на кожата за 42 отсто
– намалување на рапавоста за 30 отсто
– зголемување на цврстината за 16 отсто и зголемување на дебелината на кожата за 11 отсто
– зголемување на влажноста за 13 отсто

10. Чоколадата е природен аналгетик

Во истражување од 2008 година се покажало дека С-реактивниот проеин, крвен маркер кој го покажува нивото на воспаление во телото, е понизок кај тие кои секојдневно конзумираат чоколада. Па така, ако чувствувате болка како резултат на некое воспаление, јадењето чоколада ја намалува болката со смирувањето на воспалението кое ја предизвикува.