Не е многу забавно да имате затнат нос. Не можете да дишете како што треба и спиењето може да биде болно иксуство, па така мислите само на тоа како да ви помине што е можно побргу.

Растечениот нос исто така може да направи да се чувстувате посрамено, особено кога сте опкружени со луѓе и сето ваше внимание е насочено во исркување на носот и чистењето на вашето лице.

За да се справат со затнатиот нос, повеќето луѓе посегнуваат по спрејови или капки за нос. Но, постојат некои недостатоци при употребата на хемиски супстанци. На крајот на краиштата, овие спрејови се лекарства, па така имаат и странични ефекти и можат да предизвикаат зависности. Многу е подобро да се совлада пристап кој е помалку агресивен и во многу случаи, поефикасен.

Едноставната техника е заснована врз техниката на акупресура, со притискање на четири точки на лицето што може да ви помогне да го прочистите вашиот нос.

Општи упатства:

– Употребете ги врвовите на вашите прсти за да нанесете нежен притисок
– Употребете кружни движења во вид на притискање и пуштање
– Не би требало да чувствувате било каква болка
– Повторете го циклусот три пати

Точка 1:

– Првата точка се наоѓа во шуплината кај крајниот дел на вашите ноздри, т.е. долниот дел на вашите ноздри.
– Нежно притиснете ги ноздрите заедно со кружно движење. Како што го правите ова, речиси ги затворате, а потоа ги отворате ноздрите.
– Повторете го движењето 10 пати.
– Погрижете се да не ја притискате `рскавицата. Го притискате само долниот дел од вашите ноздри.

Точка 2:

– Точката 2 се наоѓа веднаш под краевите на вашите очи, во близина на носот, од кадешто излегуваат солзите.
– Изведете нежно кружно масирање на оваа точка 10 пати. Не кревајте ги врвовите на прстите, туку само движете ја кожата, чувствувајќи ја кожата како се движи под нив.

Точка 3:

– Точката три се наоѓа веднаш зад ушната ресичка, кај долниот дел од увото.
– Притиснете и пуштете 10 пати, без да ја притискате `рскавицата. Не правете широки, туку мали и суптилни кружни движења.

Точка 4:

– Последната точка е самата ушна ресичка
– Нежно масирајте ја ресичката 10 пати.

По применувањето на постапката три пати, би требало веднаш да почувствувате олеснување на симптомот. За најдобри резултати, повторете ја целата процедрура повторно по десет минути. Опишаната техника е едноставна, безбедна и може да се изведе било каде и во било кое време, и нема да ве чини ништо. Исто така, способноста да го употребите сопственото тело за самото да се лекува дава чувство на моќ. Доколку ви успее, споделете го ова и со други.