10 мали пронајдоци создадени да го направат светот многу подобро место за живеење

Додека научниците продолжуваат да откриваат нови хемиски елементи и да измислуваат нови видови вселенски бродови, има некои луѓе кои едноставно се обидуваат да го направат секојдневниот живот едноставно полесен и супер практичен.

Без разлика станува збор за нов вид на божиќна ѕвезда за врвот новогодишната елка или ќебе што може да ве разлади во топол ден, секој изум што во продолжение ви го откриваме има за цел да ги направи нашите денови дефинтивно посветли и да направат голема промена во нашето секојдневие:

1. Самостојни саксии кои не бараат наводнување

Храната доаѓа до растението преку „јазикот“ што се поставува во водата.

2. Ноќна светлина со преносни топчиња што детето може да ги понесе кога сака да оди во тоалет или каде било на друго место

Или можат да спијат со нив за да ги исплашат сите чудовишта што демнат под креветот …

3. Шолја за кафе со големина на обичен џеб, што се преклопува

Нема потреба да користите нова хартиена чаша секогаш кога ќе сакате да пиете кафе надвор, во природа!

4. Ова ќебе за ладење може да ве спаси во топлиот ден. Производителот вели дека ќебето создава и чувство дека сте гушкани.

5. Плетена престилка за собирање јајца – можеби е мала, но сигурно прави разлика, нели?

Може да изберете и не-плетена верзија на престилката.

6. Врв за елка во форма на легендарниот замок Хогвартс од Хари Потер, што ќе го направи вашиот Божиќ уште поволшебен!

7. Фановите на „Војна на ѕвездите“ ќе се израдуваат исто така – Сега тие можат да прават колачиња со симболи од нивните омилени филмски серии.

8. Копчињата за лифт со кои повеќе ќе немате потреба да го допирате панелот со прстите.

9. Овие изолирани засолништа за бездомниците можат да се пофалат со топлинска изолација што ја одржува топлината на човечкото тело и обезбедува температура до 20°C.

Тие се дури и отпорни на оган.

10. Компанијата CatLife создаде кревет со скриен лавиринт за мачки. Безбедно е за мачки и може да ви помогне да ги забавувате вашите миленици.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.