Денес на менито ви го претставуваме овој уникатен рецепт за бисквитен десерт, за кој не е потребно печење, се подготвува многу брзо, а на вкусот ќе посакате да му се насладувате вечно!

Бисквитен ролат со крем сирење и банани

Потребни состојки

  • 9 големи меки бисквити
  • 250 гр крем сирење
  • 1-2 банани
  • 4-5 супени лажици шеќер во прав
  • 1 мало пакетче мек путер
  • 1 пакетче ванилин шеќер

За глазурата

  • 3 супени лажици шеќер во прав
  • 1 супена лажица какао
  • 50 гр стопен путер
  • 2 супени лажци пресно млеко
  • Кокосови трошки за декорација

Начин на подготовка

Во сад додадете го крем сирењето, мекиот путер, шеќерот во прав и ванилата и користејќи вилушка, добро измешајте ги состојките заедно до добивање соединет крем со мазна текстура.

На работната површина поставете проѕирна фолија.

Потопете ги бисквитите една по една во млекото и поставете ги на фолијата, на 3 реда по 3 бисквити. Доколку користите мали бисквити, едноставно зголемето го нивното количество.

Одозгора нанесете го готвиот крем и добро порамнете со шпатула. Во средина поставете ја излупената банана, а доколку е потребно, додадете и втора банана.

Сега внимателно кренете ги краевите на двата крајни бисквитни редови и придвижете ги кон средината, додека самите си помагате со фолијата и притиснете така што ќе создадете нешто слично на пирамида или триаголник, гледано од напред.

Со рацете добро обликувајте ја формата на уникатниот ролат, следно завиткајте го во фолија и складирајте го во ладилник, да отстои неколку часа, додека кремот се зацврсти, а бисквитите да омекнат.

Во меѓувреме пригответе ја глазурата, така што ќе ги измешате потребните состојки за истата и нежно ја затоплите смесата, додека да се растопи убаво шеќерот. Штом глазурата ќе се излади, а ролатот ќе се зацврсти, извадете го од ладилникот и полејте ја одозгоре глазурата.

По желба, декорирајте одозгора со кокос.

Пријатен апетит!