Јаго Џакопо Кардило е неверојатен самоук скулптор од Италија, кој го преобразува мермерот и каменот во сложени реалистични парчиња и заради неговиот талент освоил илјадници луѓе. Уште кога бил дете 30-годишниот Џакопо бил фасциниран со еден од великаните, Микеланџело и сонувал да стане денешен еквивалент на скулпторот. И сигурно оди во вистинската насока.

Неговите скулптури се екстремно детални и прецизни, уметникот успева да создаде парчиња кои изгледаат не само реалистични во облици, туку исто така изгледаат светли и течни. Погледнете некои од неговите дела подолу.