Кантарионот е добро познат во народната медицина како еден од најефикасните лекови за повеќе болести. Кантарионовото масло се подготвува од свежа билка на кантарион и маслиново масло и тоа на следниот начин:

Размерот меѓу билката и маслото треба да е 100 грама кантарион на 1 литар масло. Цветовите се оставаат да отстојат преку ноќ. Потоа се ставаат во проѕирно стаклено шише и се преливаат со маслото. Шишето се прекрива со газа и се врзува со гумичка. Се остава да отстои 40 дена на сонце. Потоа маслото се цеди со помош на газа, се собира во темни шишенца и убаво се затвора. Маслото не се остава да стои во фрижидер.