Терминот “пробиотик” се користи за да ги означи даровите од природата, кои содржат здрави бактерии кои се “виновни” за процесот на ферментација. Погледнете која храна, освен јогуртот, ќе направи цревната флора да се чувствува здраво и во кондиција благодарение на влакна, минерали, витамини и протеини.

Непастеризирани млечни производи

Гауди, проволоне, чедар се само некои од видовите тврди сирења, кои стареат благодарение на “добрите” бактерии. Тие служат како протектор против стомачните киселини кои ги убиваат корисните микроби, пред да стигнат до соодветната средина на тенкото црево. Освен тоа содржат калциум и протеини кои помагаат за губење на тежината, го подобруваат варењето, го стабилизираат метаболизмот.

Сурутка

Овој ферментиран производ е неверојатно здрав. Лактозата во сурутка се претвора во млечна киселина благодарение на корисните бактерии во неа и е особено погоден за консумирање од луѓе кои се нетолерантни на лактоза. Во неа има малку масти, но е богата со витамин Б12, рибофлавин, калциум, калиум и протеини. Магична е за смирување на киселините во желудникот, го подобрува варењето и засилува нивоата на енергија во телото.

Саламура

Не, не станува збор за корнишони натопени во оцет кои се продаваат во продавниците, туку за краставички и други зеленчуци ферментирани во саламура, потпомогнати од сопствената бактерија.

Јаболков оцет

Овој производ одамна најде место во листата на суперхрана. Суров, нефилтриран јаболков оцет е природен пробиотик. Користете го не само за салати, но и за пуканки, чај, дури доматен сок.

Комбуха

Луѓето низ целиот свет го пијат овој ферментиран сладок чај за да го подобрат здравјето на желудникот и да го појачаат имунолошкиот систем.