Скоро секој од нас би сакал да седи до прозорецот кога патува со авион за да може да се восхитува на убавините кои ги носи бескрајното небо. Но, најубавиот поглед секогаш го имаат пилотите во нивната кабина. Затоа пилотите Паул Фокс и Ашиш Равал почнале да објавуваат неверојатни фотографии од нивната „канцеларија“ и веднаш санале популарни на социјалните мрежи. Фотографиите ќе Ве остават без коментар затоа што најголемиот дел од нивната убавина се должи на природата, а потоа на доброто око на пилотите.