Ава Роуз Најнтингејл била родена така што цревата биле надвор од нејзиното мало тело. Таа морала да биде завитната во фолија за да се спречи инфекција и за да и биде топло. Нејзината мајка не смеела да ја земе во раце, но и било дозволена мала прегратка од пет секунди. Ава била однесена на тешка операција на која што „заборавила“ да дише и лекарите морале да и даваат дополнителен кислород.

Девојчето е родено со гастрошиза, ретка состојба која се случува кога абдоминалниот ѕид не се формира доволно добро пред раѓањето на бебето. По седум недели поминати во болницата, нејзината 21-годишна мајка Клои Валтерс конечно може да го однесе нејзиното бебе дома.

Клои изјавила: „Тоа беше многу страшно искуство. Нејзините црева беа надвор и изгледаа поголеми од неа. Ја обвиткаа со фолија која изгледаше исто како онаа што ја користиме во кујната. Тоа ја одржуваше додека ја спремаа за операција. Лекарот ми го објасни ризикот од операцијата а јас не бев подготвена да се откажам од нејзиниот живот веднаш по раѓањето. Некој од семејството ја фотографирал. Првин не сакав да ја погледнам фотографијата затоа што ми го кршеше срцето, но по две недели ја погледнав и сфатив колку таа успеала. Сега кога ќе ја погледнете никогаш нема да помислите дека преживеала такво нешто.“

Сега Ава Роуз е среќна заедно со Клои и нејзиниот 23-годишен татко, Скот Најнтингејл.