Овен

На типичен претставник на Овен, никогаш не му се наметнува да докажува зошто и како е направен планот. Денес ќе биде исклучително важно да имате таков план, на кој никој нема да може да противречи. Ова ќе донесе позитивен ефект како денес така и во блиска иднина.

Бик

Ѕвездите советуваат да сте поактивни. Малку спорт или почести прошетки ќе Ви се одразат добро како на здравјето, така и на психичката состојба. Барајте компанија за да имате поголем стимул. Може да одите и на концерт на омилената група или во некој клуб со жива музика. Забавувајте се!

Близнаци

Се уште имате шанса да си изградите име или да ја заработите почитта на другите. Можеби сте изгубиле интерес за работите кои претходно Ви привлекувале внимание. Ова не е повод за загриженост – умот се обидува да достигне нови нивоа на самоутврдување. Нема невозможни нешта, под услов да не претерувате со ексцентричноста.

Рак

Најблиските луѓе можат да Ве обвинат за измама, лицемерство или подлост. Само Вие можете да процените дали овие обвинувања се оправдани или не се. Не вознемирувајте се, можеби спротивната страна едноставно имала непријатен ден. Ѕвездите препорачуваат да бидете искрени со себе и да не се подложувате на самокритичност.

Лав

Вие ги прифаќате предизвиците без да размислите. Можно е да ве фатат на местото на злосторството и да барате некакво оправдување, но подобро да не го правете тоа. Дури може да се обидете да го провоцирате противникот, иако всушност вината е целосно Ваша. Преземете ја одговорноста за своите постапки!

Девица

Настаните од денешниот ден ќе се одразат и во наредните денови. Најопасни за Девиците денес ќе се нервозата, промените во расположението и брзото менување одлуки. Обидете се да не бидете толку критични. Малку позитивен став кон светот ќе Ви се одрази добро. Забавувајте се!

Вага

Денес не е најдобар ден за нов почеток. Не навлегувајте во експеримент, ако немате доволно техничка и информатичка база. Подобро денес одмарајте дома. Пуштете си некој убав филм, купете си пуканки и чипс и уживајте во денот.

Шкорпија

Денес како ангелот да Ви слетал на едното рамо, а ѓаволот на другото. Ќе се борите меѓу она што сакате да го правите и она што треба да го направите. Избегнувајте трансакции и размислете внимателно што правите. Научете да препознавате измама и предавство навреме.

Стрелец

Денес сте расположени авантуристички. Ова може да ви направи лоша шега, бидејќи ќе донесувате избрзани и неконзистентни дејствија. Може да Ве примами предлог со ветување за голема добивка, но ѕвездите не Ви препорачуваат да му верувате. Не потпишувајте договори.

Јарец

Вие обично сте тотално независни и опстанувате на позициите. Денес сепак ќе ја изгубите довербата. Ќе се чувствувате обврзани да се вклучите во делата на другите, само за да ги решите сопствените проблеми. Нема да постигнете ништо на овој начин, дури може да стекнете уште негативи. Обидете се да стоите настрана и да ја вратите довербата во своите способности!

Водолија

Денес е совршен ден за одмор. Намалете ја малку брзината и пробајте да го најдете задоволството на животот во тивка релаксација. На работното место денес патот до успехот е поважен од конкретните резултати. Не преоптоварувајте се во работата. Обидете се да се одделите од бурниот живот, откажете ги средбите и одмарајте повеќе.

Риби

Денешните настани ќе ги израдуваат Рибите со својата предвидливост. Не плашете се од ненадејни промени. Тие нема да ве спречат да ги постигнете целите кои сте си ги поставиле. Денес е убав ден за одмор. Оние од Вас кои се на раководни позиции, може да се случи да си заминат од работа неколку часа порано. Одморот добро ќе ви дојде.