Деколтето е прилично деликатна област. Додека се грижиме за нашето лице не треба да заборавиме и на градите. Најчесто жените забораваат на овој дел од телото, не му го овозможуваат потребното внимание и често прават грешки кои можат навистина да им наштетат на градите.

Погрешна големина на градник

Изненадувачки, само 25% од жените носат градници во правилна големина. Останатите носат преголеми или премали градници. И двете опции се погрешни. Градите ќе го изгубат обликот без потребната поддршка а тесната долна облека ги ограничува крвните садови.

Кубење на влакната

Деликатна кожа на дојката е чувствителна и не треба да ги кубете влакната. Подобро отстранете ги на понежен начин.

Стискање на градите

Се чини дека на некои жени им се допаѓа. Сепак, не е сосема безопасно. Ефектот од стискање може да се спореди со оној на тесна долна облека.

Пирсинг

Секој пирсинг е потенцијално опасен поради ризикот од воспаление. Пирсот на дојките е уште поопасен, бидејќи лимфните јазли се наоѓаат многу блиску.

Џогирање без спортски градник

Гравитацијата ќе си го направи своето. Џогирањето и сличните активности без спортски градник можат да доведат до деформирање на градите.

Спиење на стомакот

Вашите гради нема да станат помали, но нивната форма може да се промени со текот на времето. Ако сакате да спиете на стомакот на начин кој е безопасен за Вашите гради, ставете ќебе или перница под себе.

Не користите креми

Деколтето исто така треба редовно да биде навлажнето и да се заштити од сонцето. Кожата тука е многу чувствителна.

Пластична хирургија

Некои жени се задоволни со големината на … една од нивните гради. Разликата помеѓу големината и обликот на лакталните жлезди се случува често. Сепак, тоа не е доволно голема причина за да одите под нож.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/15088210-26738260-7-0-1497273045-1497273065-650-1-1497273065-650-09b0585728-1500153229.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/15088210-26738260-7-0-1497273045-1497273065-650-1-1497273065-650-09b0585728-1500153229-400x214.jpgМилена СтанишковскаУбавинаСоветиДеколтето е прилично деликатна област. Додека се грижиме за нашето лице не треба да заборавиме и на градите. Најчесто жените забораваат на овој дел од телото, не му го овозможуваат потребното внимание и често прават грешки кои можат навистина да им наштетат на градите. Погрешна големина на градник Изненадувачки, само 25%...Секој ден нешто свежо