Кога зборуваме за неуреден изглед, ние обично замислуваме лице во искината или неуредна облека и мрсна коса. Сепак, постојат и други суптилни знаци и скриени детали кои што може да направат да изгледаме неуредно.

1. Коренот на косата

Не е важно дали твоите корени се потемни или посветли од природната боја на коса, едноставно тие прават да изгледате запуштено.

2. Стегач на зглобот

Многу жени го носат стегачот на зглобот за да можат да си ја врзат косата во некој момент. Но, неговото место е на косата или во чантата.

3. Свиткано репче

Оваа „фризура“ е одлична кога седите дома и никој не ве гледа, но доколку одите на работа вака тогаш ќе оставите впечаток дека сте личност која не се грижи доволно за себе.

4. Неуредни кутикули и нокти

Можеби мислите дека луѓето не приметуваат вакви работи, но несредените нокти би можеле да го уништат целиот изглед.

5. Погрешна боја на пудра

Доколку ставите пудра која е премногу светла или темна за вашето лице тогаш разликата со вашиот врат ќе предзвика да изгледате неприродни.

6. Две големи чанти

Големата чанта што ја носите за шопинг е одлична за таа намена, но не значи дека треба да ја носите секогаш и со друга мала чанта.

7. Видливоста на долната облека

Навистина не изгледа привлечно и убаво кога се гледаат прерамките на вашиот градник. Одберете облека со која ќе се избегне овој ефекти или пак купете градник без прерамки.

8. Сува кожа

Редовната хидратација е корисна за вашиот изглед во било кој поглед.

9. Раздвоени краеви

Кога не го посетувате фризерот редовно краевите од вашата коса се уништуваат, а вашата коса ќе изгледа неуредно.

10. Постојано местење на вашата облека

Секогаш е добро да одберете облека во која ќе се чувствувате удобно. Со константно местење на облеката се нервирате и себе и луѓето околу вас.

11. Испукани усни

Балсамите се секогаш лек за овие ситуации. Добро секогаш со себе да носите еден.

12. Влакна од животни на облеката

Луѓето со домашни миленици можеби не ги приметуваат, но останатите луѓе ќе го приметат тоа и ќе добијат впечаток дека не се грижита за вашата хигиена.