Исклучително прекрасниот актер Кијану Ривс сосема заслужено ги има украдено срцата на неговите милиони фанови ширум светот, но не само поради извонредниот актерски талент и харизмата.

Тој е познат по неговата неверојатна скромност и хуманост, а понекогаш изгледа како тој повеќе да ги обожава фановите, отколку тие него. Токму денес решивме да ви преставиме неколку причини зошто Кијану Ривс е толку посебен.

1. Наместо да купува луксузни имоти, создава хуманитарни фондации

Кијану Ривс наместо да се фали со неговото богатство како сите ѕвезди, тој всушност го споделува со другите. Уште на почетокот на 2000-та година, актерот основа хуманитарна фондација, која анонимно донира милиони на сметките на детските болници. Покрај тоа, поддржува многу организации за заштита на животните, борбата против ракот и гладот и помага на децата од сиромашни семејства и на бездомниците, а затоа сведочат бројни реални приказни на фановите.

2. Тој ги обожава неговите фанови

„Нашето семејство беше на одмор во Париз, кога одеднаш мајка ми го забележа Кијану Ривс. Таа собра храброст и тропа на вратата од просторијата каде што тој се наоѓаше, но излезе некој непознат и кажа дека Кијану е премногу изморен, за да се среќава со фанови. Но, во тој момент излезе самиот актер и рече дека сето е во ред, а покрај автограм, дури и се фотографираше со нас. Беше премногу пријателски настроен.“ – вели еден фан.

3. Задоволство е да се соработува со него

Многумина екипи што соработувале со актерот се едногласни дека е вистинско задоволство да се соработува со оваа скромна ѕвезда. Кијану секогаш комуницира со сите, а неретко и заедно јаде на паузите со обичните работници додека се снимаат проектите.

4. Кијану Ривс во јавен превоз

Навистина постојат милиони приказни кои докажуваат дека Кијану е неверојатен, а истиот наместо да купува лускузни автомобили како неговите колеги, всушности често користи јавен превоз.