Необработеното пилешко месо вообичаено е розево, но истовремено, можеби досега имате забележано некакви бели линии на истото.

Истражување од Универзитетот во Болоња, открива дека тие бели линии можеби се нешто многу посериозно отколку што мислиме.

Еве какво значење имаат тие:

Истражувањето објавено во италијански весник за животинска наука, открило дека месото кое има бели линии содржи многу повеќе маснотии од вообичаеното, често преминувајќи ја границата на нормалата за дури 224%. Поради ова, научниците веруваат дека белите линии се резултат на нови фармерски техники на одгледување, кои се користат за да пилињата пораснат побрзо и да добијат поголема тежина од нормалната. А тоа е индикатор на нарушување во мускулите, кое се среќава кај хибридните птици.

Како што истакнува истражувањето, споредено пред 50 години, денес пилињата за кратко време добиваат повеќе килограми, а кога се спремни за продажба, се продаваат двапати потешки од нормалата тежина во минатото. Тоа се должи на техниката при која животните се држат на строга високоенергетска диета богата со додатни суплементи од кокошкино масло, кое се смета за незаситена животинска маст.

Техниката станува сè повеќе популарна, откако консумацијата на пилешко месо се зголеми, особено во Европа и Северна Америка. Но, ваквата фармерска практика доведува до мускулно нарушување кај птиците, предизвикувајќи мускулите да се намалат, а наспроти тоа, телесната маст да се зголеми која се појавува во форма на бели линии на пилешките гради.

Истражувањето исто така тврди дека пилешкото место изгубило многу од својата хранлива вредност низ годините, при што ја зголемува загриженоста кај експертите дека белите линии означуваат дека пилешкото месо полека ги изгубило своите функционални протеини.

Но, подоцна било спроведено и друго истражување, кое пак покажало дека белите линии влијаат само на 12% од целокупното производство, па затоа не можело да се даде целосен заклучок.

Во главно, месото со бели линии се смета за здраво за консумирање, но сепак има мала промена: вкусот. Споредено со здравото пилешко, месото со бели линии може да биде со поцврста, често наречена дрвена текстура и променет вкус, а месо кое тешко ја впива маринадата.

На крај, месото со бели линии можеби и не е најдобра реклама за оваа индустрија, бидејќи едно истражување покажало дека половина од потрошувачите одговориле дека не би купиле месо со бели линии. Доколку навистина линиите се резултат на новата техника на одгледување, тоа би предизвикало бура и бројни критики.

Сепак ова останува да биде докажано од бројни други истражувања кои допрва ќе се одвиваат и ќе го докажуваат влијанието на техниките врз животните, а со самото тоа и влијанието на новите техники на одгледување директно врз здравјето на потрошувачите.