Вообичаено, многу полесно им е на жените јасно да ги изразат своите желби и потреби, отколку тоа да го направат припадниците на посилниот пол.

Често причината за тоа е што кај мажите постои одредено чувство на страв, бидејќи не се сигурни како нивните партнерки би реагирале, по кажаното.

Да знаат што сакаат нивните партнери, е клучно за добрата функционалност на врската.

Во прилог следуваат 5 основни работи кои вашиот партнер ги сака, но се плаши да ве праша и замоли да ги направите:

1. Иницијатива

Никој не оспорува дека вистинскиот маж е освојувач, кој сака да ја освои тешко пристапната жена. Но, со понатамошниот развој на врската, работите и улогите малку се менуваат. Доколку во почетната фаза, жената очекува мажот да преземе иницијатива, во текот на врската, мажот очекува и потајно сака инцијатива овој пат да ја преземе неговата понежна половина. Тоа не се однесува само на преземање инциијатива во интимниот живот, туку и на малите нешта од секојдневието.

2. Дозволете му да дише

Повеќето жени сметаат дека е правилно партнерот во врската да го опсипуваат со многу внимание и претерано да се грижат за него. Но, кога веќе улогата на грижлива партнерка преминува во улога на строга мајка, мажите тоа ги одбива. Сепак, ваквото претерано внимание е подобро за миленикот, но не и за партнерот. Мажите, како и сите нормални луѓе, имаат потреба од простор за дишење и слобода, а воедно потребно е, покрај врската и двајцата партнери да имаат и посебни социјални животи и сопствен круг на пријатели.

3. Прифатете ја неговата помош

Секој маж сака да се почувствува корисен и дека го прави животот на својата партнерка полесен. Никој не вели дека треба да бидете зависен од својот партнер и да згасне вашата кариера и социјалниот живот. Но, во формата на една врска, од време на време, нема ништо лошо да ја прифатите помошта која ви ја нуди партнерот. Мажите сакаат понекогаш нивните партнерки, работата да ја препуштат во нивни раце и самите тие да го решат проблемот.

4. Не бидете љубоморни

Секоја врска треба да се заснова на довербата. Доколку не е така, тогаш таквата врска нема да има светла иднина. Кога повторно ќе започнете да го пребарувате телефонот на вашиот партнер, да му ги проверувате пораките и мејловите, запрашајте се: Зошто ви е потребен партнер, во кој немате доверба?

Многу жени не разбираат зошто на нивните партнери воопшто не им се допаѓа кога им пребаруваат по телефоните. Прво на што помислуваат е дека партнерот ја изневерил и сега сака да ги сокрие доказите. Но, во повеќето случаи, едноставно станува збор за имањето доверба. На секој маж му е потребно партнерката да верува во него и да се потпира на истиот, исто како што им е потребно тоа и на самите жени.

5. Ценете го

Кога една жена постојано го омаловажува својот партнер, тој нормално се чувствува понижено. Ако сакате и планирате да изградите стабилна врска со вашиот партнер, тогаш научете да ги цените неговите постапки и гестови и начинот на кој тој придонесува за вашата врска. Честопати, многу жени не забележуваат дека мажот се обидува да им помогне на многу начини, им прави слатки изненадувања или пак, им подготвува романтични подароци. Кога мажот не е ценет од својата партнерка, тој вообичаено се дистанцира и станува ладен.

За една врска, потребно е и мажот и жената, подеднакво да имаат својот придонес, па така овие 5 основни работи треба да бидат практикувани и од двете страни, за доброто на спротивната и за стабилноста на врската.