Поголемата сестра е нашиот најдобар пријател, нашиот најголем критичар и бранител. Таа може да не изнервира, да не донесе до солзи, но исто така е и човекот кој ќе нè сака безрезервно, без разлика што се случува. Сепак, таа е поголемата сестра.

Таа е нашиот најдобар и верен пријател

Буквално е до нас од првиот ден. Сведок е на сите значајни моменти во нашиот живот, на првите чекори, првата болна разделба и на секоја фаза кон претворањето во возрасен човек. Таа може да не посоветува за лошото однесување и тинејџерскиот бес и може да даде добар совет.

Споделувате гардероба

Нејзините алишта ни одговараат? Голема Сестра = повеќе гардероба.

Таа знае како да се справи со родителите

За било каков проблем со родителите, можеме да се обложиме дека и таа го имала. Го користи сопственото искуство за да ни помогне да се справиме со нашите проблеми. Таа е нашиот “ангел чувар”.

Се оди добро

Навистина не постојат граници кога сме во добри односи со нашата сестра. Може целосно да се опуштиме и да не се трудиме да се претставуваме во најдобра светлина. Може да навлеземе во нејзиниот личен простор на најнесмасен начин и не треба да се чувствуваме лошо. А што да кажеме за малите разговори за животот и тајните на љубовта? Тоа навистина е непроценливо.

Секогаш може да ја прашаме за убави филмови, музика и модни трендови

Несомнено секој кој има постара сестра има корист од овие совети.

Таа нема да ја скрие вистината

Понекогаш пријателите не го кажуваат своето вистинско мислење за да не предизвикаат тензии во односите. Поголемите сестри дефинитивно не го прават! Тие директно ја кажуваат вистината. Сите имаме потреба од тоа од време на време, а на поголемата сестра можеме да се потпреме.

Секогаш сме добредојдени

Поголемата сестра секогаш ќе најде време за нас кога и да посакаме да избегаме од сè и имаме потреба од рамо за плачење. Тоа е една врата, која секогаш ќе биде отворена за нас, без разлика што се случило.

Таа не познава многу добро

Без разлика дали се сомневаме во себе и во своите способности да направиме нешто, нашата сестра е до нас, за да не охрабри и да ни даде сила за да се справиме. Таа најдобро знае колку сме силни и што можеме да постигнеме. И секогаш ќе биде нашиот најголем фан!

Достапна терапија

Изгледа дека поголемите сестри секогаш успеваат да најдат најсоодветни зборови. Како да имаат волшебна моќ која не тера да веруваме дека конечно сè ќе биде во ред.

Секогаш може да се потпреме на неа

Што и да мислиме за неа, таа секогаш ќе ни помогне. Не е важно што сме направиле, таа секогаш ќе го чува нашиот грб, дури и ако не сме биле до неа за време на нејзините најтешки периоди.

Токму затоа се поголемите сестри! Тие навистина се најдобри и да имаш сестра е најголемиот подарок!