Иако за себе тврди дека е вистинска калифорниска девојка, во 2008-та година, Камерон Дијаз се почести со лукузен стан, сместен во Њјуорк, во кој живееше речиси цела деценија, пред да стапи во брак со пејачот Бенџи Мејден.

Сега актерката, луксузниот дом кој го купи за 2 милиони долари, го продава за двојно повеќе, односно за 4 милиони долари, а токму поради оваа цел, веќе се објавени и фотографии од истиот, на пазарот. Со ова актерката им овозможува на сите да ѕирнат во нејзиното долгогодишно засолниште, кое самата таа го уреди. Целиот дом изгледа неверојатно луксузно, а нејзино омилено место е кујната, во која поминала најмногу време.

Дизајнерите за ентериери кои помогнале во неговото уредување велат дека овој дом во потполност ја отсликува самата Камерон, бидејќио е елегантен и модерен исто како самата актерка: