Еден ден, девојката разбрала дека некои козметичари и дерматолози ги советувале своите пациенти, да не го мијат нивното лице, за да го решат овој проблем со кожата.

Моли била толку очајна што решила да го примени и овој необичен совет. Во текот на цела една година, таа не го миела своето лице, а крајниот резултат е повеќе од неверојатен.

Почеток на експериментот

На почеток, откажувањето од миењето на лицето и водените процедури, Моли сметала дека било навистина луд чекор. Таа долги години се борела со акни на нејзиното лице и едноставно не верувала дека на овој едноставен начин ќе се ослободи од својот козметички проблем.

Моли воопшто немала избор, бидејќи ги испробала сите методи на лекување, кои претходно ги препорачал нејзиниот дерматолог.

„5 години страдав од акни. И тоа не беа само неколку ситни акни, туку вистински огромен проблем. Пробав разна козметика, маски за лице, бројни лекарства, но без резултат. Ми преостануваше само една работа- да се откажам од миењето на лице и трпеливо да почекам да видам што ќе се случи.“- вели Моли.

И така девојката целосно престанала да го мие своето лице. Односно, наместо да се мие со вода, сапун и разни козметички производи, девојката двапати дневно ја бришела кожата на лицето со мицеларна вода, а пред спиење, нанесувала тенок слој на навлажнувач, на своето лице.

По само неколку месеци, фантастичните резултати пристигнале! Со лицето на Моли се случило вистинско чудо. Вцрвенувањето исчезнало, а акните значително се намалиле.

„Акните веќе беа помалку забележливи. Едноставно фантастично! Потрошив толку време и пари, но безуспешно, а решението било толку едноставно“- додава Моли.

Воодушевената блогерка продолжила и наредните неколку месеци со истата техника, односно не го миела своето лице, а денес повторно се враќа кон нормалното миење, но тоа го прави со голема внимателност.

„Не го тријам лицето со моите раце и не користам никакви средства за чистење. И понатаму имам блескава и беспрекорна кожа“- за крај вели Моли, чија насмевка на лицето конечно се врати.