Папата е една од најпознатите личности во светот. Водач на Католичката црква и олицетворение на добрина и светост, во продолжение откријте 20 интересни факти за истиот.

Факти за папата кои сигурно не сте ги знаеле, а ќе ве изненадат:

1. Папата Франциск има 82 години. Роден е на 17-ти Декември, 1936-та година.

2. Роден е во Буенос Аирес, Аргентина.

3. Првпат станал свештеник во 1969-та година, а папа станал дури во 2013-та година.

4. Ниту еден друг папа во католичка историја не се викал Франциск, а истовремено папата Франциск е првиот Исусовец кој е избран на оваа функција.

5. Светот го знае како Франциск, а всушност неговото вистинско име е Хорхе Марио Бергоглио.

6. Пред неговите свештенички денови, папата Франциск најмногу уживал да игра танго со неговата тогашна девојка.

7. Иако повеќето мислат дека студирал теологија, тој всушност завршил хемиски факултет, а дури и предавал хемија во средни училишта.

8. Во неговиот роден Буенос Аирес, работел како обезбедување во бар.

9. Му недостасува еден бел дроб.

10. Голем вљубеник е во готвењето.

11. Бил во трка за папа во 2005-та година.

12. Не сосема ги поддржува хомосексуалните бракови, иако во една пригода посетил пациенти заболени со сида, па дури и им ги бакнувал стапалата.

13. Сака да биде во чекор со модерниот свет и неговиот Твитер профил има 7 милиони следбеници.

14. Тој е полиглот. Течно зборува шпански, италијански, латински, а нема проблем ниту со англискиот, германскиот, украинскиот, францускиот, па дури и португалскиот јазик.

15. Го обожава фудбалот.

16. Библијата не е единствената книга во која ужива, омилена му е  и трилогијата „Господар на прстените“

17. Моментално е граѓанин на три држави: Аргентина, Италија и Ватикан.

18. Наместо да ужива во луксузот како останатите папи, папата Франциск одбрал да живее во гостинската соба од Католичката црква.

19. Во 2013-та година кога бил избран за папа, истовремено се појавил и на насловната страна на светско познатото списание Тајм, како личност на годината, поради неговото влијание кое го постигнал за краток временски период.

20. Има добиено бројни екстравагантни подароци, а меѓу нив се нашол и Харли Дејвидсон мотор.