Постојат бројни фактори, кои влијаат врз здравјето и изгледот на косата, а меѓу другите, на оваа листа спаѓа изложеноста на сончеви зраци, хлорираната вода, како и прекумерената употреба на козметички производи.

Природните третмани, од друга страна, се исклучително корисни за подобрување на целокупната состојба на косата и скалпот.

Рецептот за коса кој денес ви го претставуваме има двоен моќен ефект, бидејќи значително ги зајакнува влакната и долготрајно го решава проблемот со првутот. Истовремено, овој домашен третман ќе ја направи вашата коса извонредно мека и блескава и ќе го поттикне нејзиниот раст.

Домашен третман за цврста и блескава коса

Потребни состојки

  • Пире од 1 банана
  • Сок од 1 лимон
  • 2 литри пресно млеко

Начин на подготовка и употреба

Започнете со затоплување на млекото, но внимавајте да не биде претопло. Во истото, додадете ги пирето од банана и сокот од лимон. Брзо и добро измешајте ги состојките, до добивање на една соединета смеса.

Нанесете ја добиената маска врз вашите коса и скалп. Нежно масирајте, со цел дел од смесата да се апсорбира во самиот скалп. Следно, завиткајте ја косата во алуминиумска фолија, а потоа оставете ја маската да дејствува околу 15 до 30 минути. На крај исплакнете со многу шампон. Резултатите пријатно ќе ве изненадат!