Британскиот принц Хари на еден хуманитарен настан, што се одржа вчера во Лондон изјави дека длабоко жали поради фактот што неговата одлука, тој и сопругата Меган Маркл да се одделат од кралството, довела до такви последици.

„Нашата надеж беше во тоа да продолжам да им служам на кралицата и кралското семејство, без да добивам било какви средства од буџетот за истото. За жал, тоа се покажа како невозможно.“- изјави Хари.

Неговата објава беше проследена на британскиот телевизиски канал Скај Њус.

„Ние (со Меган Маркл) правиме сето возможно да го носиме британското знаме високо и гордо да ги исполнуваме сите наши обврски кон земјата. Веднаш откако јас и Меган стапивме во брак, бевме толку радосни и полни со надеж, бидејќи бевме тука за да служиме. Поради овие причини, изразувам огромна тага, што сето ова заврши на овој начин.“- додава принцот, кој за првпат јавно зборуваше за неговата одлука.

На 8-ми јануари, кралскиот пар на својот официјален Инстаграм профил објави дека се откажува од своите кралски должности, а 10 дена подоцна, Бакингамската палата информираше дека отсега па натаму, Хари и Меган нема да можат повеќе официјално да ја претставуваат кралицата Елизабета Втора при официјалните патувања, да исполнуваат други церемонијални должности, ниту пак веќе ќе имаат можност да ги користат нивните титули.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од неговата објава за време на настанот во Лондон: