Популарната актерка Гвинет Палтроу пред неколку дена беше забележана како ужива во водените активности во луксузното одмаралиште Хемптонс, каде папарацо-фотографите ја снимија ѕвездата како шета на плажата во костим за капење.

Актерката ја истакна својата совршена фигура и затегната кожа во бикини, а потоа и самата објави фотографија на нејзиниот Инстаграм, а сите се едногласни дека таа изгледа едноставно неверојатно на нејзината 47-годишна возраст!