Пробајте ја оваа ефикасна домашна формула за подмладување уште денес, а за возврат ќе добиете беспрекорна кожа на лицето и ќе се збогувате со здодевните брчки.

Домашна маска за лице против брчки

Првичните посакувани резултати на маската може да се забележат уште во првата недела од нејзиното користење, а за најдобри резултати потребно е редовно практикување.

Потребни состојки

  • 1 зрела банана
  • 1 зрела домат
  • 1 кафена лажица алое вера гел

Начин на подготовка

Излупете ја бананата и исечете ја на мали парчиња. Изгмечете ја бананата, до нејзино претворање во пире, а потоа во пирето од банана додадете го сокот од доматот.

Следно, кон смесата, додадете 1 кафена лажица алое вера гел и добро измешајте ги сите состојки.

Начин на употреба

Нанесете ја добиената смеса на вашето лице и оставете ја да дејствува 30 минути. По половина час, измијте го лицето со топла вода. Користете ја маската непрекинато 3 дена, а за најдобри резултати, може да го продолжите временскиот период на употреба.

Благодарение на природните состојки и нивниот чудесен состав, брчките и темните дамки по кожата на лицето, кои се честа појава, ќе станат помалку видливи, а вашето лице ќе го врати свежиот и беспрекорен изглед.