До денешниот датум нема регистирани случаи на коронавирус во само 16 држави ширум светот, доколку се согледаат статистички податоците, кои самите држави ги проследуваат.

А доколку постои едно место во кое коронавирусот никогаш нема да се појави, според експертите, тоа е Науру. На 12-ти јануари, речиси пред 3 месеци, коронавирусот беше ограничен само во Кина. Ниту еден случај не беше регистриран на другите страни во светот.

Малку подоцна, вирусот се претвори во глобална пандемија, откако се појавија и случаи во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, а потоа и низ цел свет, а денес имаме речиси 3 милиони регистрирани случаи.

Како што расте бројот и капацитетот на болниците е веќе преполн, останува прашањето, дали постои место на светот каде го нема овој вирус?

Според универзитетот Џон Хопкинс, постојат 16 држави во кои не е регистиран ниту еден случај на  Covid-19, а тоа се Коморските Острови, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу и Ванауту.

Според експертите, ова се должи на фактот што тоа се претежно држави со многу мал број на туристи кои инаку ги посетуваат и во епохата на социјално дистанцирање, кај нив ова е сосема природно правило.