Новата година носи нови резолуции во кои треба да биде и грижата за вашата убавина и здравје. Сите имаме желба за полни усни кои изгледаат блескаво и здраво, или да корегираме одреден дел од лицето кој го сметаме за недостаток, но од одредени причини не сме се осмелиле да си го дозволиме тоа.

Понекогаш тука игра улога стравот поради стереотипите или помислата дека ваква процедура чини цело богатство. Со сигурност можеме да ви кажеме дека повеќе не треба да се грижите за ниту една од овие работи.

Дерматолошко естетската ординација Д-р Анчевски ви нуди одлична „зделка“. За оние кои не успеаја во старата година да си ја исполнат желбата, сега имаат можност да го сторат тоа во новата, со промотивна понуда за филери, само до 15-ти јануари. Без разлика дали станува збор за корекција на лице, усни, подочници, нос, врат и раце Д-р Анчевски се тука за вас и за вашиот нов почеток.

Дермалните филери повеќе не се табу тема кај нас и дамите повеќе не се „срамат“ да зборуваат за овие естетски процедури, а доказ за ова се и сведоштвата од познатите дами. Убавината не е нешто што треба да се крие, туку да се истакне и филерите се одличен начин за да се постигне тоа, по брз и што е можно побезболен пат.

Најчесто третирани регии се линиите на насмевка околу усните и носот, фините линии над усната, линиите помеѓу очите. Со филерите покрај корегирање на брчките може да се користат и за зголемување на волуменот на усните, со што естетски се постигнува нивна исполнетост и свеж изглед. Исто така дермалните филери може да се користат и за корекција на посттрауматски лузни или лузни од акни.

Не чекајте годината да помине, закажете си консултации уште денес и препуштете му се на професионалниот тим во Д-р Анчевски.