Од нејзината изградба во 2013 година, Guangzhou Circle (кругот Гуангжу) се смета за најголемата кружна зграда во светот. Сместена е во истоимениот јужнокинески град во провинцијата Гуангдонг покрај бреговите на Бисерната река (Жу Џианг).

Кругот Гуангжу опфаќа 83.000 квадратни метри, се издига со височина од 138 метри и има 33 спрата. Се издвојува од слични тркалезни згради во светот по дупката во средина на зградата со дијаметар од 48 метри.


Иако изгледа како огромна американска крофна, неговата форма е симболично поврзана со кинеската историја и традиција. Како прво, изгледа како античка кинеска монета, што не е изненадувачки ако го знаете фактот дека во зградата се сместени две важни финансиски институции – седиштето на корпорацијата „Хонгда Ксингје“ и еден од најголемите места за трговија со пластика во светот – Guandong Plastic Exchange.

Обликот на зградата потсетува на античките кинески  дискови од жад, кои се сметаа за симбол на рајот и едни од првите религиозни артефакти во областа, а датираат од 3000 година п.н.е.

Италијанскиот архитект Џозеф ди Пасквале вметна мноштво симболични детали во изгледот на зградата. На пример, ако погледнете во рефлексија на зграда во Бисерната река, таа ќе изгледа како бројот осум – кинески број што го симболизира просперитетот, а кој во западната култура претставува  бесконечност.