Џулија Робертс се вивна кон ѕвезденото небо на славните играјќи во филмот „Убава жена“ и оттогаш нема слезено од таму, со потполно право. Во приватниот живот, актерката сепак не претпочита да биде гламурозна, да туку плени со едноставност.

Таа е една од ретките славни дами кои не се многу грижат како ќе изгледаат пред објективот на фотографите, на сосема најобичен ден.

Неодамна, 51-годишната актерка беше забележана како се одмара во парк, во близина на нејзиниот дом.

Убавата актерка беше во друштво на нејзините најблиски, сопругот Дани Модер и нивните три деца, 14-годишните близнаци Хејзл и Фин и 12-годишниот Хенри.

Филмската ѕвезда изгледаше дури и повеќе од неверојатно. Облечена едноставно во класична и лежерна комбинација, убавата актерка пленеше со нејзиниот природен и прекрасен изглед.

Џулија за себе секогаш вели дека никогаш не ги крие своите години и воопшто не се грижи дека старее.