52-годишната Џули Хоптман од Велика Британија открива дека како инфлуенсер троши 35.000 евра годишно на дизајнерски чанти и облека, но таа истоврмеено смета дека сите луѓе што ја критикуваат всушност се само едноставно љубоморни на нејзиниот раскошен и удобен живот.

Џули е мајка на 3 деца, која живее во гламурозната област Оринџ во Лос Анџелес и истата не крие дека зема пари од нејзиниот сопруг, милионерот Нил и признава дека троши повеќе отколку што заработува како инфлуенсер. Британката троши 20 000 евра секоја година за својата колекција чанти и дополнителни 15 000 евра за облека.

„За три години потрошив 60.000 евра за дизајнерски чанти. Ги купувам сите парчиња во Италија или Париз. Јас трошам многу на гардероба, можеби околу 15.000 евра годишно, иако мојот сопруг ќе ме „убиеше“ ако знае. Го обожавам Гучи, Диор и Долче и Габана. Дефинитивно трошам повеќе пари отколку што заработувам на мојот профил на Инстаграм, но сакам да се облекувам на овој начин, така што мислам дека ова е фрлање пари. Се обидувам да не размислувам за тоа колку трошам“ – вели Џули.

Џули, која е по потекло од Манила на Филипините, започна да води сопствен блог во 2017 година, откако ја напушти работата во голема компанија за книговодство поради проблеми со стомакот. Но, како што се зголемувал бројот на следбеници, куќата на оваа мајка била цел на многу крадци.

„Ја напуштив работата во 2017-та година и откако ме отпуштија, започнав да објавувам содржини на Инстаграм поредовно затоа што имав повеќе време. Во октомври 2017-та година, отидов на забава, а крадци влегоа во мојата куќа. Ми ги зедоа скоро сите чанти- класични парчиња и мојата прва Ермес , која ја добив во април 2017-та година, а за истата бев на листата на чекање 3 години. Тоа беше мојата најскапа чанта, за која платив 10.000 евра“ – додава Џуло.

Таа објаснува дека живее во убава населба, па во тоа време немала безбедносни камери.

„Упаднаа во нашиот двор, ми ги зедоа чантите. Веднаш помислив дека некој ме следи, веројатно од мојот Инстаграм, затоа што ги документирав сите детали од мојот живот. Јас се тресев и плачев со денови поради чантите. За среќа, добивме пари од осигурување, но тоа не опфати сè“- раскажува Џули.

Нејзината мајка имала деловни активности со увоз на накит и облека, па затоа од мали нозе патувала многу, но така и се вљубила и во луксузните дизајнери. Таа има претежно чанти од Шанел, Диор, Клои, Ермес и обувки од Кристијан Лубутан.

Истовремено има импресивни 86.000 следбеници на нејзината страница на Инстаграм, но не сите се воодушевени од нејзиниот пофален раскошен начин на живот. Џули инсистира дека работи напорно. Покрај тоа што е инфлуенсер, таа има мала компанија за книговодство и го поддржува сопругот во деловна активност.

„Јас сум пресреќна за бројот на моитр следбеници. Имам голема публика, но исто така добивам многу негативни пораки. Луѓето велат дека сум нечувствителна и дека сум горд затоа што објавувам луксузни работи за време на пандемија. Тие велат дека економијата пропаѓа, а јас објавувам луксуз. Добивам многу критики, но мојот профил на Инстаграм е наменет за инспирација. Работам напорно и независна сум. Немам долг од кредитна картичка и заслужувам сè што имам. Не мислам дека мојата колекција е претерана, туку само купувам што ми е потребно. Луѓето едноставно се љубоморни на мојот успех и мојот животен стил. Не можете да ја избегнете љубомората на социјалните мрежи“ – заклучува Џули.