Прекрасната актерка од турската хит серија „Истанбулската невеста“, Асли Енвер, која се прослави токму по улогата на Суреја, постојано на социјалните мрежи објавува фотографии со кои ги воодушевува нејзините фанови.

Покрај слики како се релаксира на море, вози со нејзиното куче или се забавува со пријателите, овој пат Асли ги изненанди фановите со преслатки фотографии од нејзиното детство, кои докажуваат дека таа едноставно се родила со шарм!