Доколку ја претпочитате природната убавина и го обожавате свежиот мирис на елките во природата, денес ви откриваме како лесно може сами да одгледате мала елка од обична шишарка.

Како да го направите тоа? Ќе ви бидат потребни шишарка и вода

Донесете дома шишарка од надвор и засадете ја во саксија со почва, така што шишарката да биде поставена малку над саксијата. Полевајте ја секојдневно со мало количество на вода, бидејќи вишокот на вода може штетно да влијае врз истата.

По извесно време ќе ги забележите првите убави зелени резултати.

Истовремено, доколку во просторијата воздухот е сув, се препорачува шишарката да ја покриете со нешто, со цел да го одржите потребното ниво на влажност.

Доколку сакате ова ваше божиќно дрво да ве радува долги години, тогаш две години од засадувањето, треба да го навикнете на чист воздух. Од време на време, растението треба да го изнесувате надвор, а со често практикување на оваа навика, елката наскоро ќе може сосема да живее под отворено небо.

При засадувањето на елката во вашиот двор, се препорачува да додадете малку горска почва, а откако дрвото ќе ги пушти неговите корени, полевањето со вода не е неопходно, освен за време на суви периоди.