Брзите и евтини салати, воедно и диетални отсекогаш биле најпребарувана тема од дамите. Токму по велигденските празници, кога јајцата се главната храна во домот, следните рецепти се и повеќе од идеални!

Салата од млад кромид

Потребни состојки

  • 4 јајца
  • 4 супени лажици кисела павлака
  • 1 страк млад кромид
  • Сол и мелен црн пипер по вкус

Начин на подготовка

Тврдо сварете ги јајцата, изладете и излупете ги. Ситно исечете го кромидот. Сето додадете го во соодветен сад, додадете ги киселата павлака и зачините и добро измешајте.

Салата со крем сирење

Потребни состојки

  • 4 јајца
  • 2 вида на сирење
  • 3 чешниња лук
  • 4 супени лажици мајонез
  • Сол и мелен црн пипер по ваша желба

Начин на подготовка

Тврдо сварените јајца и сирењето ситно изрендајте ги. Додадете ги состојките во длабока чинија, посолете и додадете мелен црн пипер, мајонез и изгмечен лук. Повторно добро измешајте ги состојките, до добивање на една соединета смеса. Готовата салата може да ја сервирате како одделно јадење или како фил кој лесно може да се намачка на леб.

Салата од авокадо

Потребни состојки

  • 5 јајца
  • 1 авокадо
  • 1 кромид
  • 2 супени лажици кисело млеко
  • 1 кафена лажица сок од лимон
  • 1 кафена лажица сенф
  • Сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

Сварете ги јајцата, а за да го направите сосот, измешајте ги киселото млеко, сенфот, сокот од лимон и останатите зачини. Излупете и ситно исечете го кромидот. Јајцата и излупеното авокадо исечете ги на ситни коцки. Измешајте ги сите состојки заедно во длабок сад и додадете го и сосот. Потоа оставете ја салатата да се вари малку, а готовото јадење сервирајте го врз листови од зелена салата.