Студенти од Кина 370 дена одгледуваа храна генерирајќи кислород од рециклирани материјали, како дел од проект за градење живеалишта на Месечината

Кинеските студенти создадоа доволно кислород, вода и храна во само-одржувачко живеалиште за да траат цела година без помош од надворешниот свет.

Две групи живееле во  Јуегонг-1, или Лунарната палата 1, вкупно 370 дена, но едната група можела да преживее без потреба од надворешни материјали  и можеле да останат подолго, открива новиот извештај.

Кислородот се создавал од растенија и зеленчукот кои биле одгледувани под ЛЕД светла, а скоро сè што им е потребно за преживување доаѓа од рециклирање.

Само два проценти од материјалите, вклучувајќи семе, тоалетна хартија и производи за хигиена беа донесени однадвор.

Целта на програмата на Лунарната палата е да и помогне на Кина да развие самоодржливо живеалиште на Месечината, цел што водачите велат дека ќе започне оваа деценија.

Сместена во кампусот во Пекинг на универзитетот Беиханг, биосферата е дизајнирана да обезбеди сè што на човекот ќе му треба за да преживее во вселената.

Со вкупно 370 дена одржливо живеалиште, Јуегонг-365 постави нов светски рекорд за најдолг престој во самостојна лабораторија, пренесуваат кинеските медиуми.

Покрај два модули за одгледување на растенија исполнети со полици со растенија кои растат под ЛЕД светла, „Лунарската палата“ има помала дневна кабина од 452 квадратни метри со четири кабини за спиење, заедничка просторија, бања и просторија за третман на отпад.

Системот е дизајниран така што растенијата одгледувани во рамките на станицата, кои вклучуваат пченица, компири, домати, краставици и јагоди , создаваат доволно кислород за луѓе, животни и организмит ешто помагаат во разградување на отпадните материи.

Водата за пиење се добива преку кондензација, а одреден растителен отпад се користи за одгледување на печурки со кои беа хранети црви, од кои се прави „леб“ богат со протеини.

Податоците собрани од експериментот ќе помогнат да се изгради сличен постројка на Месечината, каде што истражувачите би можеле да го испитаат сателитот на Земјата за ресурси и на крајот да започнат мисии на Марс.

Од 1960-тите, голем број групи се обидоа да создадат самоодржливи живеалишта.

Најпознатата, Биосфера 2, се наоѓаше во пустината Аризона и останува најголемиот затворен систем некогаш изграден.

Екипите живееја таму две години, од 1991 до 1993 година, но им требаше дополнителна храна и кислород за да преживеат.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *