Моментално има повеќе од 33,1 милиони потврдени случаи на КОВИД-19 во САД. Низ целата земја повеќе од 130 милиони луѓе се целосно вакцинирани.

Во обид за подигање на свеста околу вакцинацијата, ноќниот клуб „Хастлер“ во Лас Вегас понуди помош, или може да кажеме „понуди танц“.

На 21 Мај клубот отвори мала клиника за вакцинација каде што клиентите можат да дојдат и да се заштитат од коронавирусот.

Сопствениците на клубот Хастлер сметаат дека бесплатниот танц кој клентите ќе го добијат после вакцината може да ја поттикне желбата на луѓето да дојдат и да ја примат првата доза.

На луѓето кои се пријавиле за вакцина им била понудена едногодишна членарина во клубот, бесплатна флаша алкохол, бесплатни танци, билети за шоуто „Sexy After Dark“ и превоз со лимузина. Ова задоволство без вакцина би чинело околу 5000 долари.